Живот и Стил

Ова се здравствените придобивки од медот- што ќе постигнете ако земате по една кафена лажичка секој ден?

Ова се здравствените придобивки од медот- што ќе постигнете ако земате по една кафена лажичка секој ден?

Повеќето луѓе се запознаени со здравствените придобивки од медот, секое домаќинство има барем една тегла, но што ќе постигнете ако ги следите упатствата на нашите постари и навистина земате по една кафена лажичка секој ден?

Како што се повеќе луѓе го исфрлаат белиот шеќер од нивната исхрана, популарноста на медот почна да расте. Нутриционистите советуваат да го додадете во овесната каша, но и во други здрави специјалитети. Тој е идеална алтернатива на шеќерот, а е сосема природен.

А доколку сè уште не сте решени во толкава мера да го вклучите во вашата исхрана, тогаш дефинитивно треба да размислувате за една кафена лажичка мед секој ден, оваа едноставна рутина има бројни предности за нашиот организам.

Пред се, редовното консумирање мед го зајакнува вашиот имунолошки систем, но тоа е само едно од многуте корисни ефекти на оваа храна.

Еве како инаку медот може да влијае на нашето здравје:

– ја подобрува циркулацијата

– ја зајакнува силата на срцето и го подобрува срцевиот ритам

– го подобрува варењето

– ја подобрува регенерацијата на ткивата

-поддржува реставрација на крвните елементи

– има антибактериско дејство

– го подобрува отстранувањето на токсичните материи од телото

– делува против стрес

Сигурно сте слушнале за познатиот мит за тоа како медот треба да се јаде само со дрвени лажици. Меѓутоа, ако го игнорираме естетскиот момент, оваа претпоставка не е професионално заснована.

Извор: Курир

To top