Убавата ТВ водителка на утринска програма на Канал 5 телевизија, Бубе Јаневска, важи за една од најубавте лица од дамите кои се појавуваат на телевизија.
Таа отсекогаш го претпочитала природниот изглед, без многу нападна и силна шминка, а мајката природа тоа и го дозволува.
Работата во телевизија пред камери, автоматски бара повеќе шминка без која не се може, а иако тоа за повеќето можеби изгледа супер, особено за припадничките на понежниот пол, ТВ водителките би кажале дека понекогаш им е навистина напорно, осбено за лицето.
Бубе секојдневно ја гледаме свежа, со убава и негувана кожа, а овој пат таа пред своите следбеници на Инстаграм покажа дека убавината, особено со работа како нејзината бара доста нега и разни третмани за кои велеи дека ги практикува на исто место веќе 15 години.
Бубе никогаш немала проблем да покаже како изгледа без шминка, па така беше и овој пат, ослободена од сите стеги кои ги бара денешносто време за совршеноста која всушност не постои, па преку една фотографија го докажа токму тоа.
Без шминка, но и без комплекси, па и со прво бидејќи тука апсолутно нема што да се сокрие, туку само да се открие даденото од мајката природа и гените, со нега која особено е потребна со текот на годините, па и работата што ја има.
фото:Инстаграм принтскрин/Бубе Јаневска