Живот и Стил

Направете домашен спреј за постелнина: Вашиот кревет ќе има неверојатен и опоен мирис

Направете домашен спреј за постелнина: Вашиот кревет ќе има неверојатен и опоен мирис

Секоја вечер ќе имате чувство дека се втурнувате во царството на хармонични мириси, ќе се опуштите и ќе запловите во морето на соништата.

Подготовката е едноставна, а со природни етерични масла можете да направите спреј со кој ќе прскате перници и чаршафи.

Во зависност од тоа кој мирис го преферирате – од мирис на море, цитрус, до борови и ливадски цвеќиња – вашиот кревет ќе мириса прекрасно свежо.

Потребно ви е шише со спреј, есенцијално масло по избор (ако сакате посилен мирис ставете 30 капки, а ако сакате поблаг мирис, тогаш 20 капки), 100 мл медицински алкохол и 300 мл дестилирана вода.

Прво измешајте дестилирана вода и алкохол, а потоа додадете го етеричното масло. Потоа добро измешајте ги сите состојки и истурете ги во шише со распрскувач.

Препорачуваме комбинација од есенцијално масло од лаванда и сандалово дрво, кое често се користи во практиките за медитација. Исто така, комбинацијата од камилица и цвет од липа помага да се опуштите побрзо и да го ослободите вашиот ум од негативни мисли.

Испрскајте ја постелнината и ќе мириса како штотуку да сте ја извадиле од машината за перење. Овој ритуал не е замена за класичното перење постелнина, туку само трик кој на вашата чиста постелнина може да ѝ даде дополнителен мирис и да ви даде чувство на спокојство.

извор:попара.мк

To top