Во изминатите сезони на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ секогаш имало македонски кандидати кои воодушевувале, стигнале до финале, па имаме дури и двајца победници – Ристе и Славица.
На жирито од „Гранд“ им е јавно дека Македонија е плодна со таленти, но секој следен е изненадување на кое гледаат со импресии. Уште еден таков случај е 36 годишниот велешанец Мики Секуловски кој изминатата саботна емисија настапи во дуел со Перица Вељковиќ (19) од Белград и со својот извонреден талент покажа дека рокенролот може да го победи фолкот и на популарната Гранд сцена и ги воодушеви сите.
Мики првин се претстави со „Сонце за три светови“, од Џафер, а потоа и со легендарниот хит „Не зови мама доктора“ од „Прљаво Казалиште“ и освои шест гласови, додека 19-годишниот Перица доби само еден глас и немаше шанси во дуелот со него.
Мики со својата неверојатна енергија ги освои сите и заврши во тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ кој Саша Поповиќ ја праша дали би сакала да го менува овој свој кандидат со некој од тимот на Александар Милиќ Мили, по што пејачката како од пушка му одговори:
„Ни мртва“, му кажа Цеца на Саша и ги насмеа сите во студиото, не криејќи го задоволството што Мики е во нејзиниот тим.
„Добро дојде во тимот. Големо задоволство ми е, пееш прекрасно“, му порача, а Саша потоа ги откри своите импресии од Мики.
„Кога бев на аудиција во Скопје, Мики беше далеку најдобар кандидат. Беше и Ѓорге таму да го потврди тоа. Нема потреба да криеш колку години имаш, имаш сосем доволно години колку требаш да имаш за овој натпревар. Со 36 години заслужи да се најдеш на оваа сцена“, му порача Поповиќ, а потоа неговиот настап го коментираше и пејачката Марија Шерифовиќ.
„Пееш фантастично, го држиш вниманието, знаеш како да е однесуваш, сé ти верувам. Се надевам дека и приватно си кул колку што мислам дека си додека ова ни го изведуваше, Постојат некои млади пејачи кои страшно пеат, ни фрлаат магија, а на крајот ќе излезе дека се вистински г*мна“, истакна Шерифовиќ. Исто така и останатите членови на жирито имаа ласкави коментари за Секуловски, а Ѓорѓе Давид се надоврза дека Александар Јовановски има силна конкуренција.
„Така се пее во Македонија“, заклучи Ѓорѓе, а Саша го праша натпреварувачот каде бил досега, на што Мики одговори:
„Се занимавав со музика, но изминатите пет-шест години не. Бев во Белгија, работев како келнер“, одговори тој.
За потсетување, Мими Секуловски беше еден од најдобрите учесници во македонскиот Идол, а потоа издаде неколку песни и спотови, а наспатуваше и по клубови. Очигледно тогаш нештата не се случуваа во вистинско време, а се надеваме дека сега е вистинското за да се поклопат коцките како што веќе тргнало.
Само напред Мики!
фото: Grand Online printscreen