Соња Вуксановиќ зад себе има бракови со пејачите Жељко Шашиќ и Ацо Лукас, а сега повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста поради објава на социјалната мрежа Инстаграм.
Во својата објава таа пишува: „Што е најлошото нешто што сте го направиле кога ви било досадно? Се омажив“.
Засега не е познато дали Соња повторно стапнала на „лудиот камен“, ниту пак открила дека од досада се омажила за еден од двајцата бивши.
Аца по разводот во неколку наврати зборуваше за Соња.
– Инстантно се заљубив во Соња, која се обиде од мене да направи миризлива пудлица. Ме стискаше и гушеше, а што е најлошо тоа ми се допадна – пишува во неговата биографија.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Србија денес/ Инстаграм