Радио Милева во тежок период

Ќерка им е богата принцеза, а тие во долгови до гуша: Родителите на Кејт Мидлтон на плакати со понижувачки пораки (фото)

Ќерка им е богата принцеза, а тие во долгови до гуша: Родителите на Кејт Мидлтон на плакати со понижувачки пораки (фото)

Нов инцидент поврзан со британското кралско семејство. Додуша, не многу директен. Родителите на Кејт Мидлтон беа цел на прилично сурова кампања, со злонамерни пораки кои се појавуваа на уличните светилки и дрвјата во градот во Беркшир, каде што живееја во последните години.

Џејмс, братот на убавата војвотка, е виден како симнува плакати со понижувачка содржина, што значи дека кампањата против Мидлтонови навистина започна. Што е тоа? Зошто мештаните се лути на родителите на сопругата на принцот Вилијам?

Главниот виновник, како и секогаш, се парите. Керол и Мајкл Мидлтон ја водеа компанијата „Party Pieces“, која продаваше работи за разни прослави. Компанијата беше продадена на почетокот на годината, а набргу потоа пропадна. Сепак, локалните добавувачи кои работеа со Мидлтонови сè уште не се исплатени.

Компанијата е основана од Керол Мидлтон во 1987 година. Наскоро стана профитабилен бизнис и главен извор на приход на семејството. Во еден момент имале 49 вработени. Суноврат започна во времето на корона, особено за време на заклучувањето, кога беше забрането организирање забави. Малку по малку и стечајот тропна на врата.

Сепак, долговите не биле подмирени, што предизвикало револт кај некои жители на градот и кампања против Мидлтонови. Така, Кејт, ниту виновна ниту одговорна, се најде во центарот на скандалот.

фото: Stefan Rousseau/Getty Images/chris-jackson-getty-images

To top