Откако младата пејачка Антониа Гиговска стана мајка целосно му се посвети на семејниот живот. Барем сега засега…
Сепак таа продолжи редовно да објавува фотографии од себе си, а како што може на нив да се забележи, изгледа се’ поубаво и поубаво. Повеќе од сигурно е дека пејачката додека ужива во мајчинството, успева секое слободно време да го искористи во своја полза за да поработи на сопствениот изглед.
Така, овој пат таа обелодени на што се должи убавиот изглед и на следбениците им покажа како изгледа нејзиниот тренинг, споделувајќи бумеранг видео на кое таа позира додека е во сала, веројатно по вежбањето, облечена во црни тесни во хеланки, кои дополнително ја истакнаа нејзината линија.
Се чини дека Антониа откако се породи ги зачестила тренинзите со лична фитнес инструкторка каде послушно ги применува нејзините професионални совети.
Младата мама дефинитивно е решена да биде во топ форма бидејќи знае дека во моментот кога ќе одлучи да застане повторно на сцената покрај пеењето важна улога има и физичкиот изглед. Особено сега, кога се оствари како сопруга и мајка, обожавателите сакаат да ја видат во нова и убава верзија. Но и заради себе, зашто покрај изгледот важно е и сопственото здравје, на кое вишокот килограми баш и не му се добри пријатели.
View this post on Instagram
А и заради младиот сопруг… Да го потсети на оние денови кога Антониа за прв пат ја запозна… „од поблиску“!
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Антониа Гиговска/jokerdam93