Познато е дека Дарко Лазиќ е талентиран не само за музика туку и за кујна и дека не се двоуми да се приближи до шпоретот и да зготви ручек.
Овој пат тој сакал да ја изненади сопругата Катарина, па и подготвил ќофтиња.
Кога го видела во кујната, Катарина се воодушевила, па го зела телефонот и го снимила додека правел ќофтиња.
Потоа го снимила моментот кога тој сето тоа го ставил во тава и го пржил во сос од домати. После тоа приготвил и пире од компири кое без проблем го направил.
Лазиќ докажаа дека работат заедно дури и во кујната, а сите следбеници на пејачката имаат можност да го видат Дарко во сосема поинакво светло.