Македонската пејачка Тамара Тодевска и оваа есен замина во скопската населба Драчево за како и секоја година, традиционално, побрза да го приготви највкусниот домашен македонски специјалитет, надалеку познатиот ајвар.
Таа на Инстаграм објави фотографии со кои се пофали дека заедно со татко и по стариот рецепт ја отворија сезоната на ајварот и лутеницата.
Дека одлично се забавувале додека го приготвувале се гледа и од објавата на Тамара, која со насмевка и во добро расположение го задевала татко и Велко Тодевски.
Иако, со поскапувањата според некои поисплатливо е да се купи, домашниот, заедно со целиот процес на подготвување е незаменливо чувство. Така, старите навики останаа и кај пејачката, па омилената зимница од пипеки повторно ќе се најде на домашната трпеза.
Оваа година во мешањето „се замеша“ и нејзината ќерка Хана, која реши да помогне и да учествува во целиот процес. А, наследничката на Тамара со тоа покажа колку е вредна и трудољубива, ама и како се создаваат домаќински навики кај девојчето уште од малечка.
Атмосфера за мерак, која го собира семејството заедно, која и годинава е предизвик за сите кои за жал, полека ја запоставија и се откажаа од оваа прекрасна традиција.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Тамара Тодевска