Живот и Стил

Пет едноставни, но многу важни совети за правилна исхрана

Пет едноставни, но многу важни совети за правилна исхрана

Најдолговечните луѓе во светот се смета дека живеат во подрачјата на Јапонија, Костарика, Италија, Грција и Калифорнија – тн. „сини зони“. Луѓето на овие места се предмет на бројни испитувања оти често живеат до 100 години.

Занимливо, научниците забележале многу сличности меѓу животниот стил на луѓето во овие земји, при што исхраната е главен дел од сѐ тоа. Тим истражувачи предводени од Ден Буетнер спроведоа сеопфатно проучување на овие долговечни култури и составија водилка со совети за храна што може лесно да се следи.

Во прилог се прикажани пет едноставни правила за исхрана.

Рибата е дозволена, но во умерени количини

И најдолговечните луѓе се одлучуваат за риба, но поретко, велат стручњаците за долговечноста. На стогодишник му се доволни до три мали порции неделно. Повеќето од луѓето што се доближиле до бројот 100 јадат мала риба, како што се сардини, аншоа и бакалар. Овие сорти не се изложени на високи нивоа на жива или други хемикалии.

Помалку месо

Истражувањето ги опфатило, меѓу другите, и вегетаријанците адвентисти кои живеат во Лома Линда, Калифорнија на западниот брег на АД. Според него, тие со голема веројатност ќе ги надживеат оние кои јадат месо – за осум години.

„Иако одвреме-навреме можеби сакате да прославувате со пилешко, свинско или говедско месо, тоа не се препорачува во сината зона“, велат истражувачите.

Наместо тоа, се предлага тврд тофу како замена за протеини, како што прават жителите на Окинава (Јапонија).

Помал внес на млечни производи

Повеќето луѓе во тие „сини зони“, според исттражувањето, се држат настрана и од млекото – со исклучок на некои адвентисти. Кардиологот д-р Гери Фрејзер, кој живее во Лома Линда, ги споредил адвентистите кои пијат млеко и оние кои не пијат, па вели дека кравјото млеко е поврзано со поголема опасност од рак на дојка и простата.

Сепак, јогуртот и сирењето не ги носат истите опасности. Икарите и Сардинците, на пр., избираат производи козјо и овчо млеко.

Помалку јајца

Според овој труд, „јајцата не се неопходни за долг живот и не ги препорачуваме“, но доколку мора да се јадат, не се препорачуваат повеќе од три јајца неделно, според авторите. Сепак, се забележува и дека некои луѓе со проблеми со срцето и циркулацијата или дијабетес е подобро да се откажат од оваа намирница.

Природен леб

Луѓето во „сините зони“ јадат леб, но тој нема да биде исечен и обработен како во супермаркетите.

„Повеќето комерцијално достапни лебови се на основа на избелено бело брашно, кое брзо се претвора во шеќер и го зголемува нивото на инсулин“.

Наместо тоа, треба да се јаде леб од цело зрно, ‘рж или тн. кисело тесто.

To top