Радио Милева голем ден

Милица Тодоровиќ во солзи го дочека својот роденден (видео)

Милица Тодоровиќ во солзи го дочека својот роденден (видео)

Пејачката Милица Тодоровиќ синоќа го прослави својот 33 роденден во луксузен бар во Белград, а во еден момент се расплака.

Имено, Милица го прослави роденденот во друштво на своите најблиски, а на прославата и пееше пејачката Индира Радиќ, која атмосферата ја доведе до трескавично ниво.

Во тој момент за Милица пристигнала торта и шампањ што ја израдувало, па почнала да плаче, а Индира цело време ја гушкала.

За да го прослават роденденот на Милица беа и некои нејзини колеги, меѓу кои и Илда Шаулиќ, кумот и колега Стеван Анѓелковиќ и фризерот Стеван Радивојевиќ во друштво на пејачката Марина Вишковиќ.

 

фото:Принтскрин Информер.рс

To top