Врската помеѓу татковците и децата е единствена и посебна. Тоа е љубов која нема крај, трае вечно и е незменлива.
Ова непишано правило е исклучително за шеф Марк, кој оваа врска ја негува на далечина.
Познато е дека пред неколку години Марк се пресели во Македонија од каде потекнува неговата мајка, додека наследниците, синот Микел и ќерката Кимберли останаа да живеат во Белгија.
Секој ден да се живее без важно делче од срцето кое е киломентри далеку, сигурно не е лесно, но емоциите особено преплавуваат на специјалните- посебните денови.
Овој пат тоа беше роденденот на Кимберли за која тато Марк посвети емотивна објава на својот Фејсбук.
-Бубулина, ти посакуваме среќен роденден… Нека овој ден не биде ништо друго освен за тебе и се’ што посакуваш да ти се исполни!!! Те гушкаме силно! Тато и Василка.
Инаку, наследничката на Марк пред две години беше во Македонија за денот на венчавката на татка си и неговата избраничка Василка.
На оваа семејна свадбена веселба со најблиските роднини и пријатели, која ја одржаа на едно од најелитните скопски гастромномско-вински локалитети пристуствуваа и децата на Марк, видно возбудени за големиот ден на својот татко.
фото:Фејсбук/Марк Де Јонг