Радио Милева љубовна врска

Душко Тошиќ има нова девојка: Сопругот на Карлеуша во врска со млада пејачка (фото)

Душко Тошиќ има нова девојка: Сопругот на Карлеуша во врска со млада пејачка (фото)

Во јавноста одекна веста за љубовната врска меѓу Душко Тошиќ и Ина Гардијан.

Како што пишуваат тамошните медиуми, Душко Тошиќ е во врска со пејачката Ина Гардијан. Со оглед на тоа што фудбалерот и понатаму е легален сопруг на пејачката Јелена Карлеуша, а е во врска со Ина, се чини дека нивната романса преминала на повисоко ниво и дека размислуваат да стапнат на „лудиот камен“.

Како што вели изворот, двајцата не се ни потрудиле да се сокријат, па според приказната размениле нежности на сплавот во главниот град, на приватна забава.

– Катарина таа вечер пееше на приватна прослава на Ада, каде што беше и Душко. По некое време, кога повеќето гости си заминаа, почнаа да разменуваат нежности пред присутните – вели изворот, додавајќи:

– Нивната врска е сериозна, се што го спречува Тошиќ да ја запроси Катарина е тоа што Карлеуша не му даде развод. Тие двајца често патуваат и се неразделни – заклучува изворот за Информер.рс

Фото: Принтскрин/Драган Кадиќ

To top