Потребни состојки:
За пандишпан:
6 жолчки
200 гр. шеќер во прав
1 ванила
1/2 чаша масло
3/4 чаша топло млеко
1 чаша просеано брашно
1 лажица просеано какао
1 пециво
*Чашата е онаа пластична од јогурт, на неа пишува 180гр.
За белиот дел:
6 белки прстофат сол
15 лажици шеќер
1 ванила или лимон шеќер
1 лажица нишесте
За глазура:
2 мали кафени финџалчиња млеко-околу 170 мл.
4 лажици шеќер
4 лажици просеано какао
1/4 од 1 маргарин
Подготовка:
Најпрво се приготвува пандишпанот. Се матат жолчките, се додаваат постепено сите наведени состојки. Се изедначува смесата и се излева во правоаголна тава бр.40 намачкана со масло и побрашнета. Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 15-20 мин., или до сува чепкалка.
За тоа време се матат белките со солта, шеќерот во густ шам. На крај се додава нишестето, уште малку се промешува со средна брзина. Се нанесува веднаш над испечениот пандишпан и се враќа во исклучена рерна уште 15мин.. Се остава да излади.
Се подготвува глазурата на тој начин што сите навдени состојки се мешаат и се варат на тивок оган додека згустат. Се остава да се лади. Пред да се полее над колачот треба да е млака. Се остава убаво да се излади, прво на собна температура, па потоа во фрижидер. При сечење ножот се полева со врела вода, се брише со кујнска хартија и се сечат коцки.
Извор: Моирецепти.мк