Антониа Гиговска, полека но сигурно се враќа на старото темпо на живеење. Младата пејачка, која за кратко време по породувањето изгледот го доведе во пристојна нормала, сега вниманието на сите им го привлече со нејзината нова промена.
Имено, со новите фотографии на нејзините приказни на Инстаграм откри дека одлучила да ја промени бојата на косата.
Иако веќе подолго време ги негува кафените тонови, сега и се јави желбата за нешто поразлично, иако не беше сигурна која опција да ја одбере – русокоса или бринета?
Или можеби тоа беше прашање за следбениците, а нејзината одлука беше дефинитивно русокоса.
Пејачката подоцна „се послужи со апликација“ со која си ги поштеди храброста и ентузијазмот за експириментирање со фризурата и бојата.
Откако најмногу се бендиса како русокоса, покажа дека обожава да прави промени и веднаш штом ќе и здосади, знае да изненади со нешто ново.
За светлата боја за која се одлучи нема сомнеж дека добро и стои, бидејќи од фотографиите кои ги сподели се гледа дека пробала сѐ .
Па, со оглед на тоа Тониа на оваа нијанса реши да и се врати.
Фото: Принтскрин/Инстгарам/Антониа Гиговска