Камила Кабељо е една од оние жени кои секогаш се мета на негативни критики за нејзиниот физички изглед. Имено, поради вишокот килограми и целулитот, многумина ја осудувале, а она што дополнително ги револтирало била нејзината самодоверба без покритие.
Ретко се случува жена да зрачи со самодоверба на плажа, додека целулитот „навира“ од сите страни, но Камила со својот став им одржала лекција на сите дами – дека секоја жена е посебна и треба да биде среќна во својата кожа, без разлика како и да изгледа.
Она што на многумина им „боде очи“ се фотографиите на Камила на „Инстаграм“, каде изгледа многу послабо, кожата и е затегната, додека целулит нема ниту на повидок.
Шон Мендес наводно ја оставил Камила затоа што имала вишок килограми, а оваа вест израдувала бројни фанови кои едноставно мислеле тие се новиот „it пар“, што е голема промена со оглед на тоа што пејачката до скоро била „развлекувана“ по социјалните мрежи само затоа што не изгледа како што се очекува од неа.
„Вишокот“ никогаш не ѝ го простуваат на оваа пејачка, па дури и на Мендез му порачувале во коментари како „заслужува подобра и поубава“.
На Камила и говореле дека нејзиниот „целулит наликува на карфиол“ и дека една ѕвезда тоа не смее да си го дозволи.
фото: MEGA / The Mega Agency / Profimedia /TheImageDirect.com / The Image Direct