Младата пејачка Марија Спасовска, имаше убав повод за славење. Таа, вчера на 5 – ти октомври наполни 18 години и со тоа влезе во светот на возрасните.
Роденденот полнолетство Марија го славеше во во „руф барот“ на еден познат скопски хотел, а заедно со нејзините пријатели не ја криеше среќата на лицето по тој повод.
На големата прослава за нејзиното полнолетството во кругот на нејзиното одбрано друштво ја дочекаа спектакуларни изненадувања.
Имено, Марија добила прекрасна торта со прскалки, жижици и свеќички кои ги дувнала пред присутните.
Вечерта ја продолжила во славенички дух и уживала во коктелите и вниманието од друштвото.
А на социјалните мрежи и од честитките на нејзините обожаватели и соработници…
Но и од некои од најголемите македонски музички ѕвезди како што е Калиопи, која од се’ срце и посака се’ најубаво на нејзината млада колешка во роденденскиот видеопоздрав кој и го испрати:
Епа, честито полнолетство и од редакцијата на Вистина!
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Марија Спасовска