Александра Пријовиќ одржа дури три спектакуларни концерти во преполната белградска Арена, иако зад себе има само три студиски албуми.
Александра првпат се појави на сцената на 14 години, а Александра Пријовиќ на пошироката јавност и стана позната во 2012 година, кога учествуваше на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, во сезоната 2012/13 година.
Таа на аудицијата пристигна во едноставна бела блуза со копчиња, без шминка и пуштена коса, а нејзиниот глас веднаш покажа дека ја чека голема иднина.
Таа ја изведе песната „Заклетва моја“ од Зорица Брунцлик и веднаш ја освои публиката и строгото жири.
Александра тогаш измина долг пат во текот на натпреварот и го освои четвртото место во генералниот пласман.
Фото: Принтскрин/Данијела Вујсич/Петар Алексиќ