По скандалот со сопругот Лука Лазукиќ, пејачката Наташа Беквалац комплетно се повлече од јавноста.
Како тазе породена мајка, таа мораше да собере сила за своето бебенце, а сепак да се бори по судови за своите права.
Пред пејачката допрва следи период со судски разврски, бидејќи Лазукиќ од неа бара да му ги врати сите пари кои тој ги потрошил додека беа во брак.
На Ната и е јасно дека нема време и дека мора да и се врати на работата, а најмногу настапи најави за во Македонија кои ќе се случат периодов низ повеќе градови.
Деновиве таа на Инстаграм објави фотографија на која е прегрната со ќерките, а во описот напиша дека само со срцето најдобро се гледа.
Ваквата објава предизвика многу коментари пред се од жени мајки кои и ја дадоа целосната поддршка на Беквалац.