Постојат безброј рецепти за вкусна зимница, но секоја година сакаме да пробаме нешто ново и вкусно,
Оваа година направете шарен ајвар. Сите ќе ви го бараат овој рецепт.
Состојки:
12 kg пиперки
3 kg модар домат
2 kg моркови
1,5 l масло
250 g шеќер
200 ml оцет
4 лажици сол
100 g сенф
Подготовка:
Пиперките и модрите домати испечете ги, излупете и сомелете. Морковите сварете ги и сомелете ги. Сите зеленчуци измешајте ги во голем сад, па додајте го маслото, шеќерот, оцетот и солта.
Варете во длабоко тенџере на умерена температура, со повремено мешање, додека не забележите згуснување на дното на садот.
Тргнете ја смесата од оган и додајте го сенфот.
Чистите и суви тегли ставете ги во рерна, вклучете ги на 100 степени и по 15-20 минути пресипете го топлиот ајвар. Затворете ги теглите, замотајте ги во пешкир и оставете ги да се изладат.
Извор: Курир