Секој фестивал има свој црвен килим каде гостите сакаат да се покажат во своето најдобро и највпечатливо модно издание, особено дамите.
Изминатиот период домашните медиуми, па и регионалните пишуваа за ултра ефектниот изглед на нашата млада и позната македонска актерка Ана Стојановска, особено за нејзините секси изданија. Најпрвин на Сараевскиот филмски фестивал, а потоа и за стајлингот на филмскиот фестивал во Црна Гора каде беше дел од екипата на филмот на Мачневски, „Кајмак“.
А ако надор остави силен импакт, на домашен терен остана перманентна со модното светло кое го презентираше претходно.
Па така, на 44-то издание на Интернационалниот филмски фестивал Брака Манки во Битола, Ана Стојановска „сервираше“ дупло голо.
Имено, таа на црвениот килим зачекори во дводелна металик пудресто розова нијанса на дводелен комплет.
Изборот се состоеше од ултра краток топ кој го откри нејзиниот совршено рамен и мускулест стомак, а останатата голотија овој пат беше за одзади- на грбот.
Макси здолништето пак од долниот дел, нималку не беше изоставено од впечатокот за комплетната визуелна слика, а таму акцентот беш ставен на светкавите синџирчиња околу струкот.
И во ова модно издание Ана ја покажа својата вита фигура, па изборот и овој пат беше непогрешлив за неа и тоа како таа знае да го износи.
Периодов Ана покажа дека е доминантна на црвениот килим, така што и со комплет за кој се погрижи една македонска модна куќа, изборот на Ана беше полн погодок.
Фото: Ана Стојановска Инстаграм принтскрин/ International Cinematographers’ Film Festival MANAKI BROTHERS