Пејачката Весна Змијанац имаше операција на срцето во март, кога и беше поставен бајпас. Таа сега за прв пат се појави во јавноста на роденденот на нејзиниот фризер.
Цело време се држела за пријателот, со мака одела, а на прашањето како е таа само накратко рекла дека е добро.
Весна била облечена во зелен костум и јакна, а и покрај се што и се случи, таа не ја загубила насмевката и била видно расположена.
Инаку, Весна Змијанац пет месеци по интервенцијата имаше голем настап во Бугарија, кој маестрално го изведе, а многумина забележаа дека многу ослабела. Весна по овој настап наводно почнала да закажува што повеќе настапи, што не и се допаднало на нејзината ќерка Николија.
– Николија строго и забрани да работи секој викенд и и кажа дека може да настапува еднаш месечно, не повеќе од тоа бидејќи штотуку била оперирана. Лекарите и рекле дека мора строго да се грижи и да одмора една година, но пејачката нема мир. Штом застана на нозе и почувствува дека е добро, веднаш им порача на менаџерите да и ги закажат тезгите – изјавил изворот за „Стар“.
Фото: Принтскрин/Рингиер/Ата Имаџес