Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ настапи во Монте Карло, а посебно внимание привлече нејзиниот стајлинг.
Таа беше облечена во долг, тесен тиркизен фустан, украсен со кристали и со шлиц во пределот на колковите.
Пејачката изгледаше како принцеза на Дизни, а доби и бројни комплименти. Таа ја кренала косата во високо опавче, а многумина ова го сметаат за едно од нејзините најдобри изданија досега.
View this post on Instagram
„Убава“, „Прекрасна“, „Вистинска дама“, „Едно од најдобрите изданија, дефинитивно“, „Дизни принцеза“, се само дел од коментарите за ова издание на Цеца.
Фото: Принтскрин/Инстгарам/Цеца Ражнатовиќ/Рингиер