За водителката Ирена Спировска е познато дека го обожава здравиот начин на живот.
За неа планинарењето е опсесија, па затоа редовно е вклучена во мноштво експедиции, а сето тоа го покажува преку фотографиите кои ги споделува на социјалните мрежи на кои е активна.
Ирена секој слободен миг го користи за некоја нова авантура, истражувајќи ја природата и споделувајќи со своите следбеници идилични фотографи додека позира или наздравува со чаша топло кафе негде на свеж планински воздух.
Но, не е се така како што изгледа и вистината е сосема поинаква, па таа сега таа реши да и ја открие на јавноста.
Така, откако на нејзиното кратко „стори“ на Инстаграм покажа како ужива во наздравувањето и убавиот поглед ја покажа и незгодата што настанала пред да го сподели со сите нејзиниот рај.
Набрзо потоа следуваше и искрената фотографија на која Ирена и не толку идилично ја полни чашата со кафе.
Затоа едноставно на сите им призна: Инстаграм наспроти реалноста – а сето тоа надополнувајќи го со емотикон кој плаче од смеење.
Па, за разлика од многумина кои се трудат тоа да го сокријат, Ирена беше искрена и покажа на какви маки се оние кои уживаат да го споделат секој момент од нивното секојдевие, а сепак да изгледа идилично и убаво.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ирена Спировска