Радио Милева на приватен остров

Бијонсе за роденденот изнајмила 11 луксузни вили, а за само една ноќ чини цело богатство (фото) 

Бијонсе за роденденот изнајмила 11 луксузни вили, а за само една ноќ чини цело богатство (фото) 

Познатата пејачка Бијонсе неодамна го прослави својот 42 роденден. Таа моментално е на светска турнеја наречена „Renaissance“, а на нејзиниот роденден на 4 септември одржа настап во Калифорнија.

На неа изненадување и приреди нејзината постара колешка Дијана Рос, која излезе на сцената и заедно со публиката и отпеа роденденска песна на Бијонсе.

Сепак, пејачката го прослави роденденот со семејството и пријателите и како што пишува ТМЗ во луксузното одморалиште „The Brando“ во Француска Полинезија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Brando (@thebrandoresort)


Според извештаите, таа изнајмила 11 вили во кои биле сместени гости, а главната вила била таа и нејзиниот сопруг, раперот Џеј Зи. Главната вила има четири соби и се изнајмува за околу 20.000 долари од ноќ. Прославата на роденденот на пејачката траела од 5 до 8 септември, пишува гореспоменатиот медиум.

To top