Живот и Стил

Појадок за слабеење: Каша која телото го полни со енергија, го зголемува нивото на железо во крвта, а ги „топи“ килограмите (видео)

Појадок за слабеење: Каша која телото го полни со енергија, го зголемува нивото на железо во крвта, а ги „топи“ килограмите (видео)

Овесните каши со децении се сметаат за најздрав појадок на сите времиња.

Овојпат пронајдовме рецепт којшто ќе ви ја поправи крвната слика, а покрај тоа ќе ги „стопите“ и килограмите. Најдобро од сѐ е тоа што овој појадок може да го подготвите и на работа.

Состојки:

– овесни снегулки без додатоци (само овес);
– 1 лажица какао;
– 1 лажица лешници;
– 2 лажици суво-грозје;
– 1 лажица јаболко (или овошје по избор: банана, боровница, брусница);
– 1 лажица ленено семе (мелено);
– 1 лажица чиа семки;
– вода;
– 1 лажица мед.

Подготовка:

Во чинија измешајте ги сите суви состојки, количината на овесни снегулки е по желба. Потоа додадете жешка вода и мед, а потоа и јаболкото или овошјето по избор, па помешајте. По 5 минути кашата е подготвена за јадење.

Ваквиот појадок ќе ве држи сити до ручек.

На здравје!

Извор: Курир.мк

To top