Постарите луѓе, бебињата и малите деца вообичаено имаат посува кожа, а тоа може да доведе до појава на егзема, па туширањето секој втор ден е најдобар избор. За повеќето луѓе со релативно нормална кожа, секојдневното туширање е во ред, но има работи што треба да се преземат за да не дојде до исушување на кожата.
За чувствителна кожа се препорачува избегнување на многу мирисливи сапуни што содржат адитиви, кои може да предизвикаат иритација на кожата или алергиски реакции.
Не е потребно секојдневно детално да го триете телото, но горниот дел на телото и подрачјето околу ципите треба редовно да се мијат, бидејќи патогените бактерии може да направат колонии.
Луѓето често силно ја тријат својата кожа при туширањето, со желба да ја отстранат сета нечистотија, меѓутоа повеќето производи наменети за пилинг на телото може да предизвикаат и трауми, во вид на микрогребаници на кожата.
Главно, доколку сакате да направите пилинг, користете препарати врз база на киселини, како што се гликолните или млечните киселини, кои се доста понежни.
извор:курир.мк