Сопругата на фолк пејачот Дарко Лазиќ, Катарина, призна дека во текот на летото имала големи варијации во телесната тежина.
-На почетокот на летото почнав со редовни тренинзи, но поради организација на свадбата и други обврски прекинав со тренинзите. Потоа ставив неколку килограми сало и стигнав до 55 килограми, што е многу за мојата висина кога не тренирам. Поради венчавката намерно ослабев и сега имам верувале или не 49,5 килограми, открила Катарина.
View this post on Instagram
Сопругата на Дарко додаде дека си поставила цел која е сигурна дека ќе ја постигне.
View this post on Instagram
-Денеска ми е прв тренинг после два месеци и целта ми е да ставам четири килограми мускулна маса за два месеци, што воопшто не е лесно, рече Катарина и вети дека ќе објави клипови од нејзиниот тренинг, како и следење на напредокот се до постигнување резултати.
фото:Инстаграм/Дарко Лазиќ/Катарина