Кортни Кардашијан откри дека итно била пренесена во болница на операција каде лекарите „го спасиле животот на нејзиното бебе“.
Таа им се заблагодари на лекарите кои го спасија животот на нејзиното бебе откако итно беше пренесена во болница во последниот триместар од бременоста.
Кортни (44) чека дете со сопругот, тапанарот на Блинк 182, Тревис Баркер. Поради нејзината здравствена состојба, Баркер ја прекина европската турнеја за да биде со неа во Америка за време на операцијата.
Кортни, чија бременост изненади многумина, објави црно-бела снимка на Инстаграм на која таа и Баркер се држат за раце на болнички кревет.
-Засекогаш ќе им бидам благодарна на моите неверојатни лекари што го спасија животот на нашето бебе. Вечно сум благодарна на мојот сопруг кој побрза од турнејата да биде со мене во болница и потоа да се грижи за мене. И на мајка ми, ви благодарам што ме држевте за раце низ ова, напиша таа.
фото:Инстаграм принтскрин