Велат дека секое чудо три дена трае, а тоа и не е така далеку од вистината ако се земе фактот дека околу документарецот „Медена земја“ на Оскарите, особено главната хероина Атиџе, се зборуваше многу, за денес очекувано помпата речиси и да ја нема.
Атиџе за која достоинството и доброто срце се животна водилка, иако по улогата во документарецот доживеа мега промена на се’ околу себе, денес таа остана иста, но веќе адаптирана на нов и поинков живот, средина, опкружување.
Пред се, за среќа околу неа секогаш има добри луѓе на кои може да се потпре, а една од нив е водителката, музичар и писателка Сузана Турунџиева.
Водителките намерно, па и случајно се се’ почесто до Атиџе. Па така вчеравечер медената хероина беше дел на првот овчеполски гроздобер во Лозово, каде беше рамо до рамо со водителката Ирена Спировска која пак беше ангажирана за настанот.
Атиџе и Ирена позираа за на социјалните мрежи, а од приложеното може да се види дека Атиџе е доста сменета физички и е вистинска дама во елегантно издание од црн деколтиран фустан со ракави од тантела.
Едноставна и ненаметлива, но сепак толку впечатлива што ретко да остане незабележена, особено не за фотографија со луѓето кои сакаат да се сликаат со неа за спомен.
За потсетување, Атиџе ја запознавме преку впечатливата улога од документарецот „Медена земја“ кој беше во трка за најдобар документарен и за најдобар интернационален филм на на Оскари во 2020 година.
ФОТО:ПРИНТСКРИН ЈУТЈУБ/МЕДЕНА ЗЕМЈА