Радио Милева стана мајка

Пејачката доби нова улога: Се породи Тамара Милутиновиќ , а бебето доби прекрасно име од латинско потекло (фото) 

Пејачката доби нова улога: Се породи Тамара Милутиновиќ , а бебето доби прекрасно име од латинско потекло (фото) 

Познатата пејачка Тамара Милутиновиќ на свет го донесе своето прво бебе.

Поранешната учесничка на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, Тамара Милутиновиќ се породи, јавуваат тамошните медиуми.

Тамара е во брак со швајцарскиот фудбалер со српско потекло Дарко Јевтиќ и роди девојче. Новопечената мајка и новороденчето се чувствуваат добро по породувањето, пренесува Блиц.рс

Убавата пејачка пред неколку дена на својот Инстаграм профил ја сподели веста дека наскоро ќе се породи.

Воедно, Тамара откри какво име би и дале таа и нејзиниот сопруг Дарко на својата наследничка. Тоа е многу убаво име со латинско потекло.

– И само така, дојдовме до крајот… Крајот, но и најубавиот почеток… Можеби нема повеќе да ги чувствувам најубавите „пеперутки“ во стомакот, но јас и тато ќе ги донесеме до тебе на дланка до крајот на нашиот живот. Емили, наше чудо – напишала убавата пејачка.

Емили на латински значи „таа што се натпреварува“.

Интересно е тоа што токму на денот кога пејачката се омажи за Дарко, Тамара откри дека е трудна.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

To top