На телото му се потребни 13 видови витамини за нормално функционирање, а секој од нив игра важна улога во зајакнувањето на нашиот имунитет. Често се поставува прашањето како да се идентификува недостаток на одреден витамин и да се надоместат витамините што недостасуваат.
Витамините може да се поделат на растворливи во вода и во масти. Витамините од групата Б и витаминот Ц лесно се раствораат во вода и се излачуваат од нашето тело преку урината. Многу е важно редовно да ги земаме бидејќи нашето тело нема способност да ги складира. Витамините растворливи во масти (А, Д, Е, К) се акумулираат во телото и се чуваат од неколку дена до неколку месеци.
Одредени фактори доведуваат до недостаток на витамини кои му се потребни на телото за нормално функционирање. На губење на витамините влијаат неправилната исхрана, диетите, недоволната физичка активност, пушењето, алкохолот, одредени лекови, но и бременоста и доењето.
Со правилна исхрана и додатоци во исхраната можеме да го зголемиме внесот на одредени витамини во организмот.
Витамин А
Недостатокот на витамин А може да се препознае преку дегенеративни промени во очите, псоријаза, акни, репродуктивни нарушувања, улцеративен колитис, цироза на црниот дроб, губење на апетит, ослабен имунолошки систем, вагинални и респираторни инфекции и дигестивни нарушувања.
Замор, недостаток на концентрација, анемија и нарушување на имунолошкиот систем се показатели за недостаток на витамин Б комплекс. Нешто посложени индикатори се деменција, параноја, депресија и промени во однесувањето, осип и пукнатини на кожата околу усните и склоност кон инфекции.
Доколку на нашето тело му недостасува витамин Ц, можеме да го препознаеме по замор, промени на кожата, крвави непца, анемија, намалена отпорност на инфекции, бавно зараснување на рани и скршеници, алергии, артериосклероза, артритис, ќелавост, висок холестерол, болки во коските, хипогликемија и стрес.
Сончевиот витамин, како што често го нарекуваат, витаминот Д во зимскиот период е речиси невозможно телото да го произведе. Болка во коските, слабост и болки во мускулите и грчеви, прекумерно потење, висок крвен притисок, слаба концентрација и главоболка го карактеризираат недостатокот на овој витамин.
Хронични заболувања на црниот дроб, недостаток на координација на движењата, парализа на мускулите одговорни за движењата на очите, моторно нарушување на говорот, блага анемија, катаракта, хиперпигментација и забавен раст кај децата се карактеристични за недостаток на витамин Е.