Брз и вкусен десерт на кој сите, со задоволство, се враќаме.
Во сутлијачот денес се додаваат разни намирници како банани, бобинки и јаткасти плодови, но ние ви го пренесуваме рецептот кој го подготвувале нашите баби.
Состојки:
8 лажици ориз
1л млеко
8 лажици шеќер
1 лажичка ванилин шеќер
Какао за поросување
Подготовка:
Оризот измијте го под млаз вода, па ставете го во тенџере и прелијте го со вода за да се натопи.
Гответе го оризот додека водата не зоврие, а потоа извадете го тенџерето од шпоретот.
Во друго тенџере истурете млеко, ванилин и обичен шеќер и оставете да зоврие.
Додека млекото уште не е зовриено, додадете го оризот и цело време мешајте.
Не се плашете ако сутлијашот е редок, бидејќи подоцна ќе се стврдне.
Кога млекото ќе зоврие, варете уште малку, па извадете го тенџерето и веднаш истурете го сутлијашот во стаклени садови.
Поросете го со какао и оставете го малку да се излади.
Извор: Курир.мк