Битолскиот диџеј и продуцент Константин Марковски – Кортекс ги здружи силите со својот кичевски колега Симеон Коруноски за потенцијалниот хит насловен „Don’t You Know“, кој воедно е и прва, а се надеваме не и последна соработка за 17-годишните музичари.
Идејата, мелодијата и аранжманот на песната се дело на Кортекс, додека вокалот и текстот се на Симеон Коруноски, а проектот студиски е потпомогнат од македонскиот продуцент Дарко Димитров.
Со на моменти прогонувачката мелодија на Кортекс и трепеливиот вокал на Коруноски, кој одлично ја доловува емоцијата на стиховите, оваа соработка е вистински погодок за младите музичари.
Сето тоа спакувано во лирик видеото со текстуалната визуализација на Дарко Лековски и продукцијата „Дримкаст“ ве очекува во продолжение: