Одвреме-навреме во јавноста се појавува приказната за разводот на Милет и Марта.
Фолк музичарот Миле Китиќ одлучи да ја откри правата вистина за бракот со пејачката Марта Савиќ. Сепак, и покрај насловите за бракот на Миле Китиќ и Марта Савиќ кои одвреме-навреме ги полнат медиумските колумни, овој пар веќе 26 години ужива во хармоничен брак и тврди дека се вљубени како првиот ден и немаат криза во бракот.
– Кризата заврши. Се пишуваше дека раскинуваме, но вистината е дека имаме идеален брак! Марта ја остави кариерата за да и се посвети на нашата ќерка, а сето тоа на крајот се исплатеше бидејќи Елена порасна во девојка која секој родител би сакал да ја има, вели Миле Китиќ. Пејачот проговорил за работата и личниот живот пред големата американска турнеја на која првпат оди со својата ќерка. Миле вели дека сопругата нема да му се придружи на ова патување.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/ТВ Пинк