Радио Милева на здравје за убаво

За Калиопи вака се ужива во животот: „Воопшто не ми е гајле што косата ми е разбушавена, а очите ми се полузатворени“ (фото)

За Калиопи вака се ужива во животот: „Воопшто не ми е гајле што косата ми е разбушавена, а очите ми се полузатворени“ (фото)

Од познатите на социјалните мрежи навикнавме постојано да гледаме и очекуваме некаква реклама и тоа како  инфлуенсери ни сугерираат да купиме и користиме разни производи.

И токму кога помисливме дека и Калиопи сака да направи една таква реклама, во случајов за вода – се излажавме.

Македонската поп дива направи отстапка од она што го прават сите, и тоа на толку едноставен и оригинален начин, а со толку силна порака во која вели:

-Имате ли и вие утра во кои мислите дека небото вам ви се насмевнува, а вкусот на водата е како од истопен планински снег ?
Еве, такво е моево утро! И воопшто не ми е гајле што косата ми е разбушавена, што очите ми се полузатворени, кога срцево ми пее!
Имајте преубав викенд, драги луѓе и запомнете,за среќа, доволно е небото и мирисот на водата… напша Калипи а од ова треба да чукне часот и од утрото на повеќемина кои ќе се стават на испит.

Уживањето не е во луксузот, наместените маси полни со се’, нашминканите лица и фризурите за пред очите на сите.

Убавината е во малите нешта и најважно од се’ перцепцијата како ги доживуваме и со што го храниме нашиот дух.

На здравје со една чаша вода од која срцето пее!

фото:Инстаграм принтскрин/ Калиопи

To top