Рада Манојловиќ важи за една од најубавите пејачки на сцената, а тоа често го покажува преку своите предизвикувачки стајлинзи во кои ги истакнува сите свои атрибути. Таа сега крена „прашина“ на Твитер каде објави неколку фотографии од настапот во провокативно издание.
Имено, Рада облекла црн мини фустан од тантела, а на една фотографија низ тантелата се гледа белиот градник.
Многумина ја коментираа нејзината фигура, а во таа прилика доби и бројни комплименти, но имаше и такви кои негативно го коментираа нејзиниот стајлинг.
Инаку, Рада неодамна проговори за својот изглед и во таа прилика истакна дека најмногу и пречи целулитот на телото.
„Морам да признаам дека не користам филтри, тоа многу ме нервира. Единственото нешто што го заматувам е целулитот, бидејќи навистина го имам и многу ме нервира. Што се однесува до моето домашно издание без филтри, јас сум како ракун. Распад на системот. Темни кругови, пунџа на врвот на главата. Вистински дефект на системот, тоа е мојата сурова вистина на животот. Туширање и миење на косата кога ќе стигнам и толку од мене.
„Никогаш не ставам креми за лице, креми за раце, маски за коса. Тие парфимирани креми исто не ги користам. „Не се грижам за ништо, ниту за лицето, ниту за моето тело. Вака изгледам благодарение на Божјата волја и гени “, изјавила пејачката за „Република.рс“.
— RADA MANOJLOVIC (@RadaManojlovic_) August 15, 2023
Фото: Принтскрин/Инстгарам/Рада Манојловиќ