За оваа анализа ќе ги поделиме луѓето на „тип А“ и „тип Б“. Луѓето од типот А се често напнати и сериозни, додека луѓето од типот Б се опуштени и пријателски расположени. Во прилог може да процените со која личност се идентификувате?
Личноста од „Тип А“ се одликува со желба за високи достигнувања, нетрпеливост и амбиција. Луѓето од типот А се рационални и организирани. Личностите од типот А се карактеризираат со: нетрпеливост, независност, трудољубивост, агресивност, амбиција и мотивација. Тие можат да бидат инспиративни и мотивирачки за луѓето околу нив бидејќи и самите се високо мотивирани. Некои ги сметаат луѓето од типот А за агресивни и нетрпеливи, додека други ги сметаат за вредни, мотивирани и доверливи.
Луѓето од типот Б се мирни и не се грижат за малите нешта, понекогаш дури и за големите работи. Тие често се ориентирани кон врските што ги градат со блиските, опуштени и флексибилни. Луѓето од типот Б обично се мирни, креативни, стабилни, опуштени, со побавно темпо и пријателски расположени. Некои сметаат дека особините на личностите од типот Б лесно може да станат и слабости на личноста. Иако се опуштени и без стрес, понекогаш одолговлекуваат, ги ставаат туѓите потреби пред своите, а некои се граничат со одредена мрзеливост. Типот Б би дозволил денот да се одвива сам по себе, без строг распоред.
Истражувањата покажуваат дека и типот А и типот Б можат да постигнат успех на училиште или во работната средина. Секако, постојат и многу личности кои се карактеризираат како комбинација од двата типа. Важно е да ја разберете вашата единствена личност, со цел да умеете да работите кон подобрување вашите слабости и користење на вашите доблести во дадена ситуација.
Извор: Курир