Македонската пејачка Тамара Тодевска секојдневно објавува фотографии од настаните на кои учествува, а со задоволство споделува и како поминува приватно.
Овој пат таа привлече внимание со фотографиите со кои покажа како го искористила времето и како се забавувала после настапот во Струмица на „Струмица опен фестивал“.
Тамара во прв план покажа совршената фигура во едноставен тесен фустан кој ги истакна нејзините совршени облини, а сето тоа го заокружи со златни потпетици.
Раположението и широката природна насмевката ја красеа пејачката со што потврди дека е посреќна од кога било.
Сето тоа најдобро го покажа во нејзиниот автомобил од каде прати поздрав до следбениците на социјалните мрежи:
„Струмичани, бевте прекрасни, насмеани, распеани. Уживање беше да се пее за вас. До следна пригода“, напиша Тамара покрај фотографиите на нејзиниот Инстаграм профил каде пејачката ги крена нозете меѓу вратата и прозорецот од нејзиниот автомобил , а лицето го покри со раката, видно расположена:
Пејачката се опушти и на сите им разјасни дека таа денес живее незаборавни и среќни моменти после големите одлуки кои неодамна ги донесе.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Тамара Тодевска