Живот и Стил

Стапчиња од компир: Никогаш не сте пробале подобра закуска, а се прави за кратко време

Стапчиња од компир: Никогаш не сте пробале подобра закуска, а се прави за кратко време

За оваа одлична закуска ќе ви бидат доволни компири, сирење, сол и уште неколку состојки.

Откако ќе научите како да ги правите овие стапчиња од компири, сигурни сме дека нема да купувате повеќе грицки, туку ќе им ги послужите на семејството и пријателите.

Состојки:

2 големи компири

1/2 лажица сол

1 лажичка лук во прав

магдонос по вкус

100 гр моцарела сирење

5 лажици пченкарен скроб

масло

Подготовка:

Компирите излупете ги, исечете ги на коцки и сварете ги, па изгмечете ги. Додадете ги останатите состојки, една по една, нежно измешајте, па обликувајте во векна. На работната маса посипете малку брашно, со сукало развлечете го тестото, па исечете го на стапчиња.

Загрејте го масло во тавата, па испржете ги стапчињата од едната и од другата страна.

извор:popara.mk

To top