Понекогаш се прејадуваме со нездрава храна, па нашиот стомак не предупредува да внимаваме што јадеме.
Се трудиме да го промениме начинот на исхрана и да воведеме здрави намирници, иако често не ни успева, па подлегнуваме на искушенијата на трпезата. Постојат намирници кои ќе ви помогнат полесно да ја сварите тешката храна и да не се чувствувате виновни.
1. Чиа и ленено семе
Полни се со антиоксиданси и влакна, па не би било лошо да ги додадете во чаша вода, јогурт, колач, салати или овесна каша.
Ја намалуваат надуеноста и нема да чувствувате дека стомакот ви е оптоварен.
2. Вода со вкус
За ова се зборува со години, но не е на одмет да се повтори. Ставете парчиња овошје во шише со вода и подготвени сте. Тоа може да бидат парчиња лимон, боровинка, ѓумбир, портокал, јаболко или, на пример, лисја од нане. На вас е да изберете кој вкус најмногу ви се допаѓа.
3. Течност од супа
Направете супа од зеленчук или пилешко и верувајте дека на овој начин ќе внесете протеини и витамини во организмот. Ако претерате со слатките, испијте супа и не грижете се, нема да се чувствувате виновни за дополнителните калории што сте ги внеле.
4. Јаболков оцет
Сите знаат дека јаболковиот оцет е добар за слабеење, а го користи и актерката Џенифер Анистон.
Конзумирањето на јаболков оцет е одличен начин да ги зголемите добрите бактерии во цревата кои можат да бидат сојузници за слабеење.
Во чаша вода или чај ставете една лажица јаболков оцет, малку промешајте и испијте ја на празен стомак. Сепак, пред ова да стане дел од вашата утринска рутина, консултирајте се со вашиот лекар.
Извор: Курир.мк