Американската актерка Хали Бери (56) во нова објава на социјалните мрежи покажа како изгледа во сосема природно издание со пуштена коса, а набрзо под фотографијата доби само пофални зборови.
– Неделно служење… Мојот човек го сака ова. Сите поплаки кај него – напиша таа.
View this post on Instagram
Поранешната Бонд девојка во неделата наутро седеше надвор во црвени карирани пижами без трошка шминка и уживаше во сончевите зраци. Бројните следбеници во коментарите беа воодушевени од нејзината природна коса.
Човекот на кој таа посочи за да се проследат поплаките поради нејзиниот природен изглед е повеќенаградуваниот музичар Ван Хант, со кого е во врска од 2020 година и не крие дека тој е „љубовта на нејзиниот живот“.
фото:Instagram printscreen