Радио Милева најавува камбек

Пејачката Нели Фуртадо која беше популарна пред две децении, денес тешко да ја препознаете (фото)

Пејачката Нели Фуртадо која беше популарна пред две децении, денес тешко да ја препознаете (фото)

Канадската пејачка со португалско потекло, Нели Фуртадо (44), го одбележа почетокот на 2000-тите со бројни хитови кои и денес честопати ги слушаме, пред сè оние од времето на нејзината соработка со продуцентот Тимбаленд.

Само дел од песните кои ја одбележале нејзината кариера се „Say It Right“, „Maneater“ и „I’m Like a Bird“, а во периодот од 2000 до 20009 година снимила 4 албуми, а по подолга пауза следеле уште 2.

Таа освоила голем број признанија, меѓу кои и „Греми“, но пред извесно време се повлече од сцената откако било откриено дека пеела на забавата на поранешниот либиски лидер, Моамер ел Гадафи за хонорар од еден милион долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nelly Furtado (@nellyfurtado)

Тогаш ветила дека ќе ги донира овие пари во хуманитарни цели и продолжила да настапува, но сè поретко, а подоцнежните албуми не постигнаа толкав успех како оние од почетокот на нејзината кариера.

Во првите години од музичките почетоци таа ја добила ќерка со тогашното момче, Џаспер Гахунија, а пред две години на „Инстаграм“ открила дека има уште две деца, додека подоцна за „Вог“ изјавила дека е мајка на уште едно девојче и момче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nelly Furtado (@nellyfurtado)

Во меѓувреме, сè почесто привлекувала внимание со приватниот живот, бидејќи отворено зборувала за бисексуалноста, за дијагнозата АДХД, со купувањето скапоцени недвижнини, борбата со килограми …

Како што признала, на нејзината одлука да се повлече од сцената влијаела и нејзината борба со менталното здравје „Доживеав нервен слом на сцената“, изјавила своевремено за „Дејли меил“. „Бев на турнејата „Loose“, а со мене беше и ќерка ми. Бев и мајка и пејачка на пат. Бев исцрпена. Потоа, една вечер се качив на бината и сфатив колку сум под стрес. На крајот се изнаплакав при изведувањето на првите две песни. Веднаш направив пауза од музиката и заминав дома. Сфатив дека она што ми треба е да бидам дома со целото мое семејство“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nelly Furtado (@nellyfurtado)

За тоа време ретко ја гледавме Нели, а сега најавува голем камбек!

фото:Инстаграм принтскрин

To top