Познатата пејачка Ана Севиќ се повлече од музиката и се посвети на семејството, а сега покажа како изгледа во костим за капење по третото пораѓање.
Поранешната сопруга на фолк пејачот Дарко Лазиќ на социјалните мрежи прикажа ново издание кое веднаш предизвика лавина коментари.
Ана, всушност, покажа фотографија од море, а позираше во костим за капење кој откри многу.
View this post on Instagram
Нараквицата што ја носи е со потпис на познат бренд, а чини околу 8.000 евра, додека часовникот вреди околу 20.000 евра.
Ана изгледа никогаш подобро, а под оваа нејзина објава имаше многу комплименти.
„Изгледаш како да имаш 20 години“, „колку си убава“, „божица“, се дел од пораките што ги добила.
Ана, инаку, има три деца, а неодамна откри што забележала кај себе.
– Во последно време многу плачам, секогаш кога ќе имам дете сум се поемотивна. Кога би го земала микрофонот, би се удавила од емоции и солзи – изјави таа на прославата на првиот роденден на нејзиниот син Симеон.
Фото: Принтскрин/Инстатрам/Ана Севиќ