Живот и Стил вие од кога почнувате?

Сакате да држите диета? Еве кога е најдобро, а кога најлошо да започнете со промена на исхраната

Сакате да држите диета? Еве кога е најдобро, а кога најлошо да започнете со промена на исхраната

По животните пресврти како што се преселување, брак или нова работа, бидете сигурни дека ќе успеете и ќе ја доведете линијата во ред.

Психолозите велат дека најтешката одлука за луѓето со прекумерна тежина е да се откажат од омилената храна, но за тоа придонесува и фактот што диетата ја започнуваат во погрешни денови. Има денови кои се најдобри за регулирање на исхраната, но и оние кои ќе влијаат да не изгубите ниту грам бидејќи не се погодни за започнување диета. Погледнете кога е најдобро да направите здраво мени и да се ослободите од вишокот килограми.

Најдобрите моменти

По роденденот

Истражувањата покажуваат дека луѓето се поспремни да се посветат на нови цели по одредени датуми што ги слават, вклучително и празници и родендени. Психолозите велат дека многу луѓе тогаш чувствуваат голем нагон и желба да започнат со „новото јас“ во остварувањето на задачите што си ги поставиле.

После големи промени

Ако сте се преселиле во нова куќа или во друг град поради работа, тоа е момент кој претставува нешто ново во вашиот живот. Промената на работното место, стан или град подразбира уште некоја промена. Нека биде тогаш тоа промена во исхраната и одење во теретана. Не треба веднаш да почнете да гладувате, туку започнете го денот со здрав појадок или намалете ја количината на шеќер што обично го ставате во кафето.

Најлошо време

Кога имате големи обврски

Кога во еден момент ќе ве обземат обврски како раѓање на дете или можеби некој голем деловен проект, никако не почнувајте со диета. Овие се тешки задачи и нема да имате време или енергија да се занимавате со исхраната. Психолозите велат дека стресните ситуации не се време за тестирање на вашата издржливост, упорност и ограничувања. За почеток, можете да усвоите здрави навики кои ќе ви помогнат во вашиот план за слабеење.

По годишниот одмор

За многу луѓе ова е време кога се опуштаат и јадат. Ако планирате да почнете со диета веднаш по вашиот одмор, тоа не е најдобрата идеја. Не е лесно веднаш да се фрлите на ригорозна диета откако ќе уживате. Телото е сè уште опуштено и не е подготвено за промени како што е исхраната. Полека почнете да ги намалувате слатките и тестенините, движете се повеќе и ќе видите дека телото само ќе сака да се храни поздраво.

To top