Дамите кои се навикнати да бидат дотерани и на 35 степени, ги знаат сите трикови за да ја одржат шминката постојана.
Дамите кои се навикнати да бидат дотерани дури и во топлите летни денови ги знаат сите трикови за да ја одржат шминката постојана. Меѓутоа, што треба да прави една просечна жена која нема доволно пари или време да „експериментира“ со сето тоа. Моника Бладер, професионален шминкер за познати личности, меѓу кои и актерките Меган Фокс и Џесика Алба, вели дека во лето на жените им е доволна тонирана крема и постојан кармин, пишува „Космополитен“.
– Секоја жена се чувствува попријатно со кармин на усните. Тоа е сосема доволно шминка, а единствено важно е да трае што подолго во текот на денот – вели Бладер и открива еден трик кој може да се изведе со помош на производи кои сигурно ги имате во несесерот.
Коректор
Нанесете коректор за подочници на чисти и ексфолирани усни. Погрижете се да биде навлажнувачки и водоотпорен.
Молив во боја на кожа
Врамете ги усните со молив за усни во боја на кожа. Овој детал е исклучително важен и многу луѓе забораваат на него, и грешат ставајчи молив во боја на карминот.
Четка за нанесување кармин
Никогаш нема да се шминкате правилно со класичното нанесување на кармин, но тоа не е главната причина поради која треба да користите четка. Имено, на овој начин карминот го нанесувате во слоеви кои подобро се лепат на кожата на усните.
Пудра за матирање
Притиснете ги усните на марамче за да го отстраните вишокот масла, а потоа нежно нанесете пудра за матирање со прстите.
Мат кармин
Најдобро би било завршниот слој на карминот да биде во иста нијанса, а да е мат. Повторно, со четката нанесете тенок слој кармин. Така сигурно ќе биде постојан.