Лесно и едноставно се подготвува, а не се споредува со купените во пекара.
Питата со сирење е секогаш добра идеја, а еве рецепт за можеби сè уште неискусни домаќинки:
Состојки и количина:
Кори за пита 500 гр
Јајца 5
Сирење 500 гр
Сол по желба
Прашок за пециво 1 кесичка
Масло 1,5 дл
Кисела вода 2 дл
Како да подготвите
За премачкување на кората: Измешајте масло и кисела вода.
За филот: Јајцата се матат, се додава прашокот за пециво, сирењето и солта.
Подготовка:
На работната површина се става една кора, се премачкува со смеса за премачкување на кората, истото се прави и со втората и третата кора.
На третата кора се мачка филот, се замотува во ролат и го ставете на плех обложен со хартија за печење.
Завртете ги и другите на ист начин. Сите ролати премачкајте ги со остатокот од филот и по желба посипете ги со сусам.
Се пече околу 25 минути во загреана рерна на 200 С.
Попрскајте со малку вода и покријте со чиста крпа да се излади малку.
Послужете со јогурт или кисело млеко.
извор:курир.мк