Живот и Стил

Џебот на женските гаќички има поважна улога отколку што мислите

Џебот на женските гаќички има поважна улога отколку што мислите

Улогата на џебовите на гаќичките е од пресудна важност, за многу нешта.

Овој детаљ постои на повеќето модели на женски гаќички, но многумина не знаат зошто е таму. Момците се збунети, а и многу жени не размислувале на тоа

И покрај мислењето на многу мажи, малиот џеб на женските гаќички не е за носење предмет. Неговата примарна функција е да го намали контактот со синтетички материјали кои поттикнуваат развој на бактерии и бактериски инфекции, а го ослободува дишењето на интимните делови и ги апсорбира можните телесни течности, пишува „24sata.hr“.

Според светските здравствени стандарди, внатрешниот дел на гаќите кој е во директен контакт со најинтимниот дел од женското тело мора да биде покриен со мек, нежен и природен материјал.

Ова е исклучително важно, особено кога станува збор за синтетички модели на долна облека. Материјалот мора да се шие во гаќите, но шевовите на две места би можеле да ја иритираат интимната зона, па затоа од една страна не се прицврстува за гаќите.

извор:курир.мк

To top