Пејачката Јелена Розга доживеала голема непријатност која ја загрижила и исплашила.
Имено, атрактивната Хрватка била вознемирена од заканувачки писмо кое го добила додека престојувала во хотел, а за немилиот настан не сакала да зборува.
Според тамошните медиуми, Јелена на вратата од хотелската соба добила вознемирувачка порака која толку многу ја исплашила што се плашела за својот живот.
– Јелена доби белешка на која пишуваше нешто што многу ја вознемири. Таа не сакаше никому, па ни на својот менаџер да открие што пишува и зошто е вознемирена и под стрес. Таа само побара да се привлече вниманието на организаторите и дека сака да има поголем круг на обезбедување околу себе, дури рече дека ќе плати луѓе само за да се засили кога ќе дојде на настап – изјавил изворот за „Курир.рс“ и продолжи:
-Според гласините, откако пред неколку години низ Сплит ја демне еден од обожавателите кој дошол на вратата на нејзиниот стан навечер, па морала се’ да пријави во полиција и да побара полициска заштита, Јелена живее во страв за нејзиниот живот. Ова навистина ја потресе!
View this post on Instagram
Иако беше во голем страв, Розга не сакаше да ги открие деталите од содржината на пораката:
-Иако сите инсистираа таа да им каже за што се работи, таа само рече дека се е во ред и дека обожавателите ја контактираат кои понекогаш знаат да бидат и малку попребирливи – изјави извор близок до пејачката, кој изгледаше дека навистина се плаши дека некој би ја повредил.
фото:Инстаграм принтскрин