Живот и Стил

Овие намирници се многу понездрави отколку што мислите

Овие намирници се многу понездрави отколку што мислите

Ако сакате да ослабете, многу е важно да ги броите калориите. Сепак, некои намирници се многу понездрави отколку што мислите.

Слатки без шеќер

Сите многу добро знаеме дека слатките без шеќер не се нужно добро освен ако спаѓате во групата на оние кои се присилени да ги консумираат поради здравствената состојба.

Она што можеби не сте го знаеле е дека премногу слатки без шеќер може да предизвикаат дијареа. Шеќерните алкохоли кои се користат во овие слатки не можат до крај да се сварат и предизвикуваат гасови.

Преливи на салати

Сите знаеме дека треба да избегнуваме разноразни преливи за салати зашто колку и досадната зелена салата да ја прават повкусна, свесни сме дека богатството на вкус доаѓа со цена.

Она што можеби не го знаете дека и безмасните преливи се лоши. Тие имаат помалку калории, но имаат повеќе шеќери. Исто така, им недостасува витамин Е.

Помфрит од сладок компир

Ако пазите на исхраната, веројатно сте слушнале дека помфритот од сладок компир е поздрав од обичниот. Но, тоа и не е баш точно.

Во организмот нема да внесете идентична количина на калории, а се она што е корисно во слаткиот компит ќе се изгуби кога ќе го испржите во врело масло.

Оревкасти плодови

Солените оревкасти плодови се вкусни и често се чувствуваме добро кога така го убиваме чувството на глад зашто сме слушнале дека се здрави. Сепак, тие пресолени и се штетни за вашите бубрези.

Кечап

Само една лажица кечап има четири грама шеќер. Тоа е повеќе отколку просечен чоколаден кекс.

To top